Решенија во областа на градежништвото.
enmk

ЗА НАС

Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год.

Нашата основна дејност е проектирање и изведување објекти од областа на градежништво-ниска градба. Учествуваме во изградбата на улици и патишта, водоводи, канализации и инфраструктура.

За да професионално и квалитетно ги извршиме нашите поставени задачи и цели, се трудиме секогаш да бидеме во тек со светските трендови. Поради тоа располагаме со соодветна лесна и тешка механизација, како и соодветна и квалитетна техничка опременост.

Од тешка механизација располагаме со багер катерпилар гусеничар тип 322  од 1994 год., валјак џам тип 2311сд  од 1991 год., булдожер липкер тип пр721 б-м 11 тона од 1984 год., багер катерпилар м318 од 1999 год., багер ихи од 28 тона, кипер камион (триосовинец) и кипер камион (четириосовинец). Од лесната механизација работиме со патер камион со носивост од 3 тона, багер јцб 4 ибрационен валјак со вибра (тежина 6 тона), вибро – жаба за набивање и валјак бомаг тип бв180 ад од 2001 год. Воедно поседуваме Б и Ц лиценци за изведба.